
Силни бури и ветрови денеска го зафатија северот на Италија, при што е издаден црвен метеоаларм за регионот Ломбардија. Во градовите Бергамо и Леко, властите наредија затворање на средните училишта поради опасните временски услови.
-
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден
Според италијанскиот РАИ, портокалов аларм е прогласен и за областите Емилија, Трентино и Венето, додека во регионите Алто Адиџе, Ромања и Лигурија е активиран жолт метеоаларм.
Невремето предизвика поплави и свлечишта околу езерото Комо, а локалните власти во моментов вршат проценка на штетите. Исто така, предупредуваат на дополнителни поплави и препорачуваат внимателност на патиштата поради силните врнежи и ветерните удари.


