
Непотребно трошат струја и ги зголемуваат сметките за електрична енергија
Во обид да заштедиме на сметки за електрична енергија, важно е да се информираме како точно функционираат одредени уреди во домаќинството.
Честопати мислиме дека кога ќе ги исклучиме уредите, повеќе не трошат струја. Но, вистината е дека некои од нив продолжуваат да влечат енергија и кога не се активни!
1. Телевизори
Дали знаете дека кога го притискате црвеното копче на вашиот телевизор, тој не се исклучува целосно? Тој всушност влегува во “Standby” режим и сè уште троши енергија. Ова може да направи значителна разлика на годишно ниво, особено ако имате телевизор со пониска енергетска класа. Експертите препорачуваат целосно исклучување од струја кога не го користите.
2. Фрижидери и замрзнувачи
Фрижидерите и замрзнувачите постојано работат, што е неопходно, но тие сочинуваат околу 12% од вкупната потрошувачка на струја во домаќинството. За да ја намалите потрошувачката, редовно чистете ги и одвремен-навреме одмрзнувајте го ледот. Краткото отворање на вратите и користењето на „Еко“ режим кога сте подолго време отсутни може дополнително да ви помогне да заштедите.
3. Гејминг конзоли
Многумина ги оставаат своите гејминг конзоли вклучени за побрзо стартување, но и тогаш трошат доста енергија. Иако новите модели, како PlayStation 5, имаат подобрени технологии кои трошат помалку струја, сепак е препорачливо целосно да ги исклучите кога не се користат.
Со овие едноставни совети може значително да го намалите трошокот за електрична енергија и да го заштитите вашиот буџет.
-
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден -
Апсана
699 ден
524.25 ден -
Хемија
699 ден
524.25 ден -
Време за пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
La Linea v13
699 ден
524.25 ден







