
26-годишната инфлуенсерка Соуди Ал Надак од Британија, која се омажи за милионерот Џамал Ал Надак од Дубаи, живее живот полн со луксуз и екстраваганција. Двајцата се запознале додека студирале на универзитетот во Дубаи, а во декември 2021 година стапиле во брак. Соуди, која добива „само“ 182.635 евра месечен џепарлак од својот сопруг, споделува детали од нивниот живот на социјалните мрежи.
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден
Еден од најнеобичните подароци кои го добила од Џамал е приватен остров вреден 44,8 милиони евра, каде што може да ужива во приватност, далеку од љубопитните погледи, што и овозможува да носи облека по свој избор. Островот моментално го чува за себе и својот сопруг, но планира да покани и други жени на ова луксузно одморалиште.
Соуди ја споделува својата приказна на TikTok за да ги сруши предрасудите за интеркултурните бракови. Таа истакнува дека нивната љубов е искрена, иако луѓето ја осудуваат и мислат дека таа го користи својот сопруг само поради неговото богатство.


