
Во манастирот Дохиари на Света Гора, пред чудотворната икона на Богородица Горгоепикос, се случи чудесен настан кој предизвика восхит и зачуденост кај присутните. Осумнаесетгодишно момче од Струмица, кое никогаш претходно не зборувало, изговори зборови на својот мајчин јазик за првпат: „Мајко Богородице, дај ми здравје.“
-
La Linea v13
699 ден
524.25 ден
Според сведоштвата на монасите и присутните во манастирот, момчето пристигнало пред десетина дена на Света Гора за да се помоли пред иконата на Богородица, позната по тоа што „брзо ги слуша“ молитвите на верниците. Во моментот кога се нашло пред иконата, момчето изговорило зборови, што за него било прво и неочекувано искуство.
„Благодарам, веќе се чувствувам многу добро,“ им рекло момчето на присутните по завршувањето на молитвата. Ова чудо е потврдено од свештениците во Струмица, а настанот беше пренесен од медиумите и црковните портали во Македонија и Грција.


