во , ,

Неверојатен талент: Деветгодишно момче ги остава сите без здив со своите тетоважи!

Сите зборуваат за ова неверојатно талентирано момче. Деветгодишниот Напат Митмакорн од Бангкок е вистински феномен.

Деветгодишно момче тетовира

Со своите мали раце, облечени во ракавици, тој вешто управува со машинка за тетовирање. Пред очите на зачудените посетители на салон за тетовирање во Бангкок, тој умешно црта долга змија.

Купи Маица

Деветгодишно момче тетовира

„Сакам да станам професионален тетоватор и да отворам сопствено студио. Ја сакам уметноста, затоа го сакам и тетовирањето“, изјави тој за АФП од својот штанд. Покрај него постојано застануваат фасцинирани посетители за да го снимат неговото работење.

Еден посетител на саемот кој го посетил штандот на момчето искрено се воодушевил од неговата прецизност. Тој додал дека знае оти тетовирањето не е лесно како цртање на хартија.

Неговиот татко е исто така тетоватор

Таткото на Напат Митмакорн, Натавут Сангтонг (38), е аматер тетоватор. Тој вели дека го вовел својот син во овој вид уметност за да го оддалечи од мобилниот телефон. Неговиот син станал зависен од игри и тешко се концентрирал.

Татко и син тетовираат

Сангтонг истакнува дека „тоа не е само тетовирање“. Со текот на времето, тоа станало „како медитација“.

Таткото и синот учат техники за тетовирање преку туторијали на TikTok. Најпрво вежбаат на хартија. Потоа преоѓаат на вештачка кожа која симулира човечка. Дури на крајот тетовираат вистински луѓе.

Бидејќи уметноста е омилен предмет на младиот тетоватор и во училиште, неговиот татко, препознавајќи го талентот, решил да му посвети речиси два часа дневно, три пати неделно, подучувајќи го.

Денес, таткото и синот заедно водат профил на TikTok наречен „The Tattooist with Baby Teeth“. На него во живо ги пренесуваат своите сесии за тетовирање и привлекуваат стотици илјади гледачи по видео.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Загинатиот фудбалер во Кочани: На клупата во соблекувалната на ФК „Шкупи“ остана само неговиот дрес

Бијонсе и Џеј Зи бесни: Канје Вест ги нарече нивните деца „ментално заостанати“!