во ,

Зад кулисите на „Пулс“: Шанкер на хартија газда, вистинскиот сопственик мистерија?

Управителот Александар Карадакоски бил шанкер, вистински газда е Дејан Јованов – Деко

Претходно беше објавено дека Александар Карадакоски е сопственик на фирмата „ММММ кафе доел Кочани“. Оваа фирма управувала со дискотеката „Пулс“ во која се случи трагичниот пожар.

Купи Маица

Имаше различни информации во јавноста за него. Прво се тврдеше дека е во бегство, потоа дека е уапсен. Но, вистината е дека тој е хоспитализиран и се лекува во Литванија.

Интересно е што управителот Александар Карадакоски, кој сега се лекува во Литванија, всушност работел како шанкер. Според најновите информации од емисијата КОД, вистинскиот газда на дискотеката „Пулс“ бил Дејан Јованов – Деко.

Емисијата КОД објави дека постои дилема во јавноста околу сопствеништвото на кабарето „Пулс“. На хартија како сопственик се води едно лице, а во реалноста друго. Александар Карадакоски е всушност шанкер кој бил повреден во пожарот и сега е на лекување во Литванија. Тој е сопственик на фирмата „ММММ Кафе“, на која е издадена лиценцата за кабарето „ПУЛС“. Но, според КОД, вистински сопственик бил Дејан Јованов – Деки, кој претходно бил поврзан со фирмата „Класик“ до нејзиниот стечај во 2023 година.

Карадакоски е еден од неколкуте повредени кои беа пренесени на лекување во странство. Тој е еден од четирите пациенти кои се лекуваат во Литванија.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Марија од Кочани: „Прво мама, сега ти сестро, која е мојата судбина?“

Како да изгледате како супермодел во фармерки? Откријте го вистинскиот модел за вас!