во ,

Мицкоски жестоко: На талибански начин се брише нашиот идентитет!

„На талибански начин се брише македонскиот идентитет и македонскиот јазик од Извештајот во Европа.“

Ова го изјави премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција. Тој одговараше на новинарско прашање за објавите во бугарските медиуми. Според нив, се бришат клучните идентитетски одредници од извештајот на ЕП.

Бришење на јазикот и идентитетот по договор на најголемите европски партии

Според објавата на бугарската агенција БГНЕС, трите најголеми политички сили во ЕП се согласиле. Тоа се Европската народна партија, Социјалистите и Демократите, и групата Обнова. Тие се согласиле да ги отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“.

Реклама

Ова се однесува на нацрт-извештајот за напредокот на земјава. За него треба да се гласа на пленарна седница на 8 јули. Информацијата ја потврди и бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.

„Тоа ни го направија Османи, Ковачевски и Маричиќ“

„За жал, оние егзибиции коишто седум години се случуваа кај нас, нè доведоа во ваква ситуација,“ рече Мицкоски. „Тоа го дочекавме како народ во 21 век. Ете тоа ни го направија Бујар Османи, Димитар Ковачевски, Бојан Маричиќ и останатите,“ истакна тој.

Мицкоски нагласи дека тие предупредувале на ваквиот инженеринг. „За нас е подеднакво лошо и тоа што се брише, исто како и да стоеше ‘модерен’,“ додаде тој. Сепак, тој истакна дека малиот чекор на Комитетот за надворешни работи, каде поминаа термините, ќе остане во колективната меморија.

„Доказ дека проблемот е подлабок од Бугарите во Уставот“

Премиерот додаде дека ова докажува дека проблемот не е само во Уставот. „Проблемот е многу подлабок,“ рече тој. „И сега сите тие коишто манипулираа во минатото, треба да излезат пред македонските граѓани.“

„Треба да им се извинат. И не само на граѓаните, туку и на вистинските добронамерници од странство.“ „На кои им велеа дека само ова да се реши и завршена е работата. Тие не ја говореа вистината или појма немаа од водење политика,“ заклучи Мицкоски.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Шок во светот на фудбалот: Почина Диого Жота од Ливерпул

Договор во ЕП: Се бришат „македонскиот јазик и идентитет“ од извештајот за Македонија?