
На фотографиите кои се појавија на социјалните мрежи и предизвикаа вистинска бура, Џенифер Лопез покажа дека и најголемите диви не се имуни на шармот на убавите мажи.
На фотографиите се гледа како Џеј Ло го слави својот роденден во препознатлив стил. Таа игра на луксузна јахта во впечатливо портокалово бикини. Подоцна, таа е облечена и во бел фустан. Сите погледи се насочени само кон неа.
Погледот што ја претвори забавата во флерт
-
La Linea v12
699 ден
524.25 ден
Но, сред целата таа гламурозна атмосфера, еден дискретен поглед кажал повеќе. Додека се движела во ритамот на музиката, Лопез го „фатила“ погледот. Погледот бил на еден елегантно облечен маж кој стоел во нејзина близина.
Таа на момент запрела, очигледно заинтригирана од неговата појава. Со својата препознатлива самодоверба, таа се свртела кон него. Му испратила поглед кој нејзините фанови веднаш го препознале. И баш така, забавата се претворила во момент на кокетна игра. Игра за која сега зборува целиот свет.
Џеј Ло знае како да го сврти вниманието кон себе
Фановите коментираат како оваа ѕвезда веднаш „го користи својот шарм“ штом ќе здогледа маж. Нејзините движења стануваат заводливи. А со нејзината насмевка и погледот со доза мистерија, таа покажала колку зрачи со самодоверба. Кога Џеј Ло ќе се појави, сите погледи природно се насочени кон неа. Со децении таа успева да го украде вниманието, па така било и овојпат.


