
Францускиот тим Кофидис доживеа голем шок и непријатност на трката Тур де Франс.
На тимот му биле украдени 11 велосипеди од нивниот камион. Кражбата се случила пред почетокот на втората етапа од трката. Велосипедите биле украдени од камионот кој бил паркиран на околу 150 метри од хотелот во Бонд, веднаш до аеродромот во Лил, каде што престојувал целиот тим.
-
Време за пиво
699 ден
524.25 ден
„Вратата на камионот беше пробиена и 11 велосипеди беа украдени, и покрај безбедносните мерки што беа преземени“, се вели во официјалното соопштение на тимот. Секој од украдените велосипеди чинел околу 13.000 евра. Со тоа, вкупната штета изнесува повеќе од 140.000 евра.
„Полицијата дојде во хотелот наутро за да изврши увид на лице место и да започне истрага. Тимот на Кофидис остро го осудува овој чин и ги повикува сторителите да бидат граѓански настроени и одговорни,“ додадоа тие во соопштението. И покрај големиот шок и штета, тимот успеал да најде доволно велосипеди. Со нив тие ја започнале втората етапа, делница долга 209 километри.
-
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
Апсана
699 ден
524.25 ден -
La Linea v6
699 ден
524.25 ден -
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
La Linea v2
699 ден
524.25 ден








