во ,

Новите, драстично зголемени американски царини ќе стапат на сила од 1 август

Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, денеска најави дека на 1 август ќе стапат на сила драстично зголемените американски царински стапки.

Овие царини беа најавени уште на почетокот на април. Потоа, тие беа привремено суспендирани додека беа во тек преговорите со другите држави. Од нив ќе бидат изземени само оние земји кои во наредните денови ќе постигнат билатерални договори со Соединетите Држави.

Како термин за воведување на овие „казнени царини“ претходно се споменуваше 9 јули. Но, претседателот Доналд Трамп уште во петокот, без да наведе детали, рече дека земјите за кои се однесува ова ќе почнат да плаќаат од 1 август.

Овие царински тарифи за некои земји би можеле да достигнат и до 50% од вредноста на стоките и услугите што тие ги извезуваат во САД. Оваа одлука предизвика голема загриженост во меѓународните економски кругови.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Нова ескалација на насилството: Израелската војска уби двајца Палестинци на Западниот Брег

По премиерот Мицкоски, и министерот за надворешни работи се пофали со најновите економски бројки: Раст на извозот од 23,44%