
Сопственик на пекара во Соединетите Држави неодамна во подкастот „Only in America“ откри како решил да вклучи леб што го носи името на една од најголемите балкански музички ѕвезди.
Имено, во разговорот тој ги сподели своите искуства за бизнисот и животот во Америка, како дијаспора. Еден од поинтересните детали од разговорот беше производот што го нарече по фолк ѕвездата Лепа Брена – лебот што сега го носи нејзиното име.
„Лебот го продаваме во Америка и се вика „Лепа Брена“.
-
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден
Меѓу другото, тој се осврна и на спецификите на американскиот пазар, истакнувајќи дека балканската дијаспора често преферира традиционални производи, што му овозможува да понуди автентични вкусови на своите клиенти. Тој особено ја истакна популарноста на традиционалните производи како бурекот и питата.
Кога станува збор за Лепа Брена, српските медиуми пренесуваат дека во Нови Сад, на пример, познатата пејачка има киоск во кој се продава плескавица.
Исто така, со текот на времето голема популарност добија и куклите со нејзиниот лик, кои беа вистинска атракција. Иако сега станаа претежно носталгичен предмет, овие кукли сè уште можат да се најдат на половни веб-страници, а нивните цени достигнуваат и до 4.500 денари.
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
Добро утро
699 ден
524.25 ден -
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v8
699 ден
524.25 ден -
Хемија
699 ден
524.25 ден -
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден








