во ,

„Да, добро прочитавте, крокодил“: најчудниот фејсбук апел на англиската полиција

Полицајците од Дарбишир во Англија ја покренаа својата, како што самите ја нарекоа, „најчудната досега“ потрага, откако во канал во селото Вилингтон бил забележан мртов крокодил.

Кога пристигнале на лице место, од големиот рептил немало ни трага, што го натерало Тимот за рурален криминал на Дарбишир да покрене истрага и да се обрати до јавноста преку социјалните мрежи.

За сите храбри борци

„Знаеме дека ова е веројатно најчудната молба која некогаш се нашла на нашата Фејсбук страница, но апелираме за ваша помош во врска со наводниот крокодил кој е пријавен како фрлен во јужен Дарбишир. Да, добро прочитавте, крокодил!“, објавила полицијата заедно со фотографија од животното.

Полицијата ја споделила фотографијата од животното, за кое се верувало дека е фрлен егзотичен миленик. „Претпоставуваме дека овој мал пријател не е автохтон за Дарбишир. Ако имате било какви информации каде се наоѓа крокодилот сега… ве молиме контактирајте нè. За појаснување, иако не сме медицински експерти, јасно ни е дека крокодилот е мртов“, навеле од полицијата.

Мистеријата е решена

Иако полицијата се плашела дека се работи за несовесно фрлен егзотичен миленик, мистеријата за неговото потекло била брзо решена. Полицијата им се заблагодарила на сите што го споделиле апелот и објавила: „Сега можеме да потврдиме дека мистеријата е решена!“.

Еден граѓанин се јавил и објаснил дека крокодилот всушност бил препараторски трофеј, полнет со слама, пренесува Би-Би-Си (BBC).

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Како да одгледате дете кое не се откажува, дури и кога ќе добие лоша оценка

Босанац во шок, Карлеуша на под: „склизна како куршум додека ме заведуваше“