Ако сакате едноставни, а неодоливо вкусни десерти, овој рецепт ќе ве освои на првиот залак.
Комбинацијата од кремаст пудинг од ванила, крцкаво лиснато тесто и миризливи ливчиња од бадем е вистинска мала магија во која ќе уживате со кафе, чај или по ручекот.
За сите храбри борци
❤
Подготовката е брза и едноставна, а резултатот – фантастичен.
Потребни состојки:
- 1 пакување развлечено лиснато тесто
- 1 ќесичка пудинг од ванила
- 400 мл млеко
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 2 лажици шеќер
- 40 г путер
- 1 жолчка
- Ливчиња од бадем
Подготовка:
- Сварете го пудингот според упатството на ќесичката, но наместо 500 мл, користете 400 мл млеко за да биде погуст.
- Кога пудингот е готов, тргнете го од оган и веднаш вмешајте го путерот додека целосно не се растопи и не се соедини со кремот.
- Одвиткајте го лиснатото тесто и премачкајте го пудингот само на половина од тестото.
- Преклопете со другата, празна половина од тестото.
- Изматете ја жолчката и премачкајте го тестото одозгора.
- Исечете го тестото на половина, а потоа секоја половина на уште четири дела – треба да добиете осум штангли.
- Одозгора обилно посипете со ливчиња од бадем.
- Печете во рерна загреана на 200°C околу 20-25 минути, додека тестото не добие златно-кафеава боја и не стане крцкаво.
Најдобро е да се послужи додека е уште топло – тогаш најубаво се чувствува совршениот спој на мирисната ванила, путерот и бадемите. Ова е идеален десерт кога сакате нешто брзо, а импресивно.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден