во

Крадците од Лувр им направија бесплатна реклама, а тие тоа го искористија

Спектакуларниот грабеж во музејот Лувр, во кој крадците однесоа накит вреден 88 милиони евра, сè уште ја тресе Франција.

Меѓутоа, додека истражителите трагаат по сторителите, една германска компанија неочекувано го искористи вниманието на јавноста за да направи – рекламна кампања.

Викенд Намаление

„Кога морате да се движите брзо…“

Семејната фирма „Böcker“, со седиште во градот Верне, се најде во центарот на приказната откако беше откриено дека крадците го користеле токму нивниот механички лифт за мебел за да се искачат на балконот на Галеријата Аполо, од каде што ги однесоа скапоценостите.

На социјалните мрежи, оваа недела, тие објавија духовита реклама со слика од лифтот, сега „славен“ благодарение на грабежот. Под неа стои натписот: „Кога морате да се движите брзо – Böcker Agilo ги пренесува вашите скапоцености до 400 килограми, со брзина од 42 метри во минута – тивок како шепот“.

Повеќе од само грабеж – маркетинг на годината

Директорот на компанијата, Александер Бекер, изјавил дека ја направиле рекламата дури откако дознале дека никој не е повреден во грабежот.

„Злосторството е, секако, апсолутно за осуда, тоа е сосема јасно. Но, ова беше можност нашиот мал семеен бизнис да се појави во контекст на најпознатиот музеј во светот“, рекол тој.

Рекламата предизвика лавина од позитивни реакции на мрежите – корисниците ја нарекоа „маркетиншки генијален потег“, а еден од коментарите гласеше: „Вашата порака заслужува круна“.

Бекер потврдил дека крадците го украле уредот за време на пробна демонстрација што претходно самите ја договориле.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Таткото кој пешачеше 100км со ранец тежок 20кг – колку што тежеше неговиот починат син Хју

Морничаво суштество со заби што се превртуваат, откриено во големиот кањон