
Џиновските панди Хуан Хуан и Јуан Зи, главните атракции на зоолошката градина Бовал во Франција, ќе се вратат следниот месец во Кина.
Со ова завршува нивниот 13-годишен престој, кој беше дел од програмата за зајакнување на дипломатските врски меѓу Париз и Пекинг.
Нивната чуварка Делфин Пувро, која се грижи за нив од нивното пристигнување во 2012 година, изјави дека со посебни емоции ги поминува последните денови со пандите пред тие да бидат испратени во карантин во пресрет на патувањето.
„Тоа се навистина посебни животни. Ќе се грижиме за нив секој ден и ќе ја искористиме секоја прилика да поминеме време со нив додека се уште тука“, изјави Пувро за Ројтерс.
Зоолошката градина Бовал, која се наоѓа на околу 250 километри јужно од Париз, минатиот месец соопшти дека пандите ќе отпатуваат кон крајот на ноември поради здравствените проблеми на Хуан Хуан, која има проблеми со бубрезите.

Повеќе од само панди – близнаците остануваат
Хуан Хуан и Јуан Зи, стари 17 години, ѝ беа позајмени на Франција од Кина во 2012 година, а нивното доаѓање тогаш беше означено како симбол на подобрување на односите меѓу двете земји.
За време на престојот во Франција, парот доби близнаци, кои ќе останат во Бовал. „Бев дел од процесот на размножување, што беше многу важен момент – раѓањето на првата панда во Франција. Тоа беше многу емотивно, бидејќи кога ќе се роди, бебето панда тежи само 100 до 140 грама“, изјави Пувро.
Програмата за позајмување панди, позната како „панда дипломатија“, е дел од кинеската надворешно-политичка традиција која датира од 1970-тите. Кина и денес го задржува сопствеништвото над сите панди кои се наоѓаат во странство, како и над нивното потомство, додека партнерските земји ги сносат трошоците за одржување и грижа.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







