
Десетици милиони црвени краби ја започнаа својата годишна миграција, при што ги преплавија улиците и градините на австралискиот Божиќен Остров, селејќи се кон Индискиот Океан.
Нивната годишна одисеја започна со летните дождови на јужната хемисфера во текот на викендот на 18 и 19 октомври. Се очекува дури 100 милиони краби да ги напуштат своите шумски засолништа и да стигнат до брегот на океанот, каде што се размножуваат.
Повеќе од само инвазија – „привилегија“ за жителите
Локалните жители на островот, кои се околу 1.200, се трудат да ги расчистат улиците и патиштата што е можно повеќе пред оваа инвазија на црвени членконоги. Жителите на островот, кој го добил прекарот „Галапагос на Индискиот Океан“, користат гребла и други помагала за да им помогнат на крабите на нивниот пат, пренесува „Фигаро“.
„Некои луѓе можеби мислат дека крабите се напаст, но повеќето од нас сметаат дека е привилегија што можеме да присуствуваме на вакво искуство“, изјавила Алексија Јанковски, претставничка на Националниот парк на Божиќниот Остров.
Круг на животот
Територијата на островот е дом на 200 милиони од овој ендемски вид краби (*Gecarcoidea natalis*). На брегот на океанот, женките ги несат јајцата, кои потоа ги пуштаат во океанот за време на плимата околу 14 или 15 ноември. Младенчињата потоа поминуваат еден месец носени од морските струи како ларви, за потоа како млади краби да се вратат на островот.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







