
Благодарение на серија софистицирани снимки, научниците точно утврдиле како змиите-отровници ги забиваат своите очници и вбризгуваат отров во своите жртви.
Новата студија, објавена на 23 октомври во „Journal of Experimental Biology“, го донесува досега најдеталниот приказ на змиските каснувања и открива три различни механизми со кои овие суштества го усмртуваат својот плен.
Уште од 1950-тите години, истражувачите се обидувале да го снимат моментот на змискиот напад, пренесува Live Science. Меѓутоа, брзината со која змијата удира – честопати помала од 0,1 секунда – долго време била преголем предизвик за технологијата. Дури и поновите снимки од терен биле ограничени со ниска резолуција.
За да ги надминат пречките, тим истражувачи отпатувал во специјализиран истражувачки центар во Париз. Таму направиле лажен плен од гел, сличен на мускулно ткиво, им го понудиле на 36 различни видови отровни змии и сè снимиле со камери со голема брзина.
Повеќе од само каснување – три различни стратегии
Направени се повеќе од 100 снимки со висока резолуција, кои покажале изненадувачки разлики во стратегиите за напад:
- Viperidae (Отровници): Обично напаѓале од свиткана позиција, гризејќи го пленот за 0,1 секунда – побрзо од рефлексот за изненадување кај цицачите (што значи дека пленот немал шанси да избега).
- Elapidae (Корални змии, кобри): Напаѓале поподмолно. Тие тивко се приближувале до пленот, а потоа неколку пати ги опуштале и повторно ги стегале вилиците, „веројатно за да го продолжат протокот на отров“.
- Colubridae (Змии со задни очници): Овие змии вбризгувале отров користејќи ги забите што се наоѓаат во задниот дел на горната вилица.
Поглед во механиката на каснувањето
Ова истражување дава нов увид во еволуцијата и механиката на змиските каснувања, но и за потенцијални медицински импликации – бидејќи подоброто разбирање на начинот на вбризгување на отровот може да помогне во развојот на поефикасни противотрови.
„Иако змиското каснување трае помалку од секунда, сега знаеме дека во тој дел од времето се одвива исклучително сложена биомеханика“, заклучува тимот автори.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







