во ,

Рецептот на баба што е понежен од облак: Kох од гриз што секогаш успева

Постојат колачи кои не бараат ниту време ниту луксузни состојки, а секој пат потсетуваат на мирисот на топол дом.

Кох-от од гриз е токму таков десерт – едноставен, воздушест и нежно натопен со млеко, оној колач кој некогаш се правел „за секоја прилика“, и кој го сакале и бабите и децата. Во време кога бараме брзи и лесни рецепти, стариот добар кох повторно го зазема почесното место во секоја тетратка со домашни рецепти.

Викенд Намаление

Зошто кох-от од гриз е омилениот стар колач

За разлика од многу модерни десерти, кох-от не содржи бело брашно, туку само гриз, што му дава фина, лесна структура и посебен вкус кој се топи на непцето. Најубаво од сè – сите состојки веројатно веќе ги имате во кујната, а подготовката е едноставна и без стрес.

Ова е оној колач кој мириса на детството, летните распусти и попладневните часови кога млекото врие на шпоретот и целата куќа мириса на ванила.

Состојки:

  • 6 јајца
  • 6 лажици шеќер
  • 9 лажици гриз
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 1 литар млеко
  • 1 кесичка ванилин шеќер

Подготовка:

  1. Одвојте ги белките од жолчките, па изматете ги со миксер додека не добиете цврст снег. Потоа постепено додавајте го шеќерот и матете додека масата не стане сјајна и густа.
  2. Полека (со лажица, не со миксер) вмешајте ги гризот, прашокот за печиво и жолчките. Мешајте внимателно со превртување за да остане смесата пенеста.
  3. Истурете ја смесата во калап кој сте го премачкале со масло и сте го посипале со брашно. Печете во рерна загреана на 200°C, додека рабовите не се одвојат од калапот и колачот не добие блага златна коричка.
  4. Додека кох-от се пече, во тенџере загрејте го млекото со ванилиниот шеќер додека не зоврие.
  5. Кога кох-от е печен, веднаш прелијте го врелиот колач со врелото млеко. Не грижете се ако „плива“, ќе впие сè. Оставете го полека да се олади и да го впие млекото.

Домашен вкус кој не излегува од мода

Кога ќе се олади, кох-от можете да го послужите таков каков што е – нежен и млечен, или да го украсите со изматена слатка павлака и да го посипете со какао во прав. Во секоја варијanta, тоа е колач кој се памети по едноставноста и мирисот на топол дом.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Утрото кога 35 работници гледаа во провалијата длабока 15 метри

Кога Пабло Пикасо беше уапсен за кражбата на Мона Лиза