
Лажни се сите пријави за поставени експлозивни направи во учичишта во Скопје и во Куманово, соопшти МВР по извршените проверки.
Министерството за внатрешни работи информираше дека по сите извршени антитерористички проверки, утврдено е дека се работи за лажни дојави. Пријавите пристигнале вчера околу 18 часот на е-меил адресите на 30 училишта во Скопје и 17 училишта во Куманово.
Повеќе од само дојави – прекинати активности
-
Балтазар
699 ден
524.25 ден
Веднаш по добивањето на заканувачките пораки, полицијата презела соодветни мерки. Сите попладневни активности во погодените училишта беа прекинати, а учениците беа испратени дома. Овој нов бран на лажни дојави повторно предизвика вознемиреност кај учениците, родителите и наставниот кадар.


