во ,

Полските хулигани го „запалија“ Мадрид: Ги претепаа Шпанците и им го демолираа пабот

Навивачите на Лех Познањ, кои летоска оставија „силен впечаток“ во Белград кога гостуваа на Црвена Звезда (шетајќи голи по улиците), уште еднаш демонстрираа колку се опасни, овојпат во Шпанија.

Нивниот тим му гостува на Рајо Ваљекано, а полските хулигани одлучиле ноќта пред натпреварот да направат општ хаос во предградието на Мадрид.

Хулиганите на Лех упаднале во пабот на најватрените навивачи на Рајо – „Буканерос“ – каде што целосно го демолирале локалот. Потоа следела улична тепачка во која Шпанците биле побројни (220 наспроти 140 Полјаци), но хулиганите на Лех сепак извојувале победа и ги натерале домаќините да бегаат во сопствениот град.

Повеќе од само тепачка – им упаднаа и на стадион

Како тоа да не било доволно, навивачите на Лех успеале да упаднат и на стадионот на Рајо Ваљекано и да нацртаат графит посветен на својот клуб.

Овие сцени уште еднаш ја потврдија застрашувачката репутација на навивачката група од Познањ, која предизвикува страв каде и да се појави.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Конечно е откриено: Што се случувало на Армагедон пред 3.300 години?

„Господ прима и картички“: Италијанските цркви воведуваат ПОС терминали