
Кристијано Роналдо неодамна конечно се сврши со својата долгогодишна партнерка, Џорџина Родригез, а сега зборуваше подетално за нивната врска.
Прославениот фудбалер откри дека трагичната загуба на нивниот син Анхел, кој почина веднаш по раѓањето, уште повеќе ги зближила.
-
Добро утро
699 ден
524.25 ден
„Понекогаш во врската имате добри моменти, а понекогаш и тешки моменти. Тоа е дел од патувањето, но веројатно ја зајакнавме нашата врска уште повеќе во тој период“, беше искрен фудбалерот во гостувањето кај Пирс Морган.
„Таа е личност што ме разбира“

Роналдо призна дека децата многу го промениле и дека ја гледа ќерка си како „кралица на семејството“. Тој се осврна и на квалитетите на Џорџина, кои најмногу ги цени.
„Верувам дека е единствена по тоа што се грижи за мене, што е многу важно. Се грижи за семејството, за куќата… Покрај нејзините квалитети, нејзиното тело и сè што сакам, таа е личност што ме разбира. Тоа е она што го барам“, рече Роналдо.


