во ,

Медицинска сестра со плата од 8.500 евра: Огласите што го „запалија“ Балканот

Додека на Балканот се зборува за економска криза, огласите за работа во Западна Европа откриваат колку драстично заостануваме – плата за медицинска сестра во Швајцарија достигнува и до 8.500 евра.

Еден Хрват на социјалната мрежа Редит (Reddit) објави неколку огласи за работа од земји како Германија, Швајцарија, Данска и Ирска, за да покаже колкави се реалните плати. Најголемо внимание привлекле огласите за медицински сестри во Швајцарија, каде платата се движи од 5.500 до 8.500 евра, додека за физиотерапевт се нуди од 5.000 до 7.000 евра.

За споредба, платата за доставувач на пакети за „Амазон“ во Германија е околу 2.300 евра, а работник во магацин заработува 2.100 евра, плус бесплатен смештај.

Плата за електричар во Данска до 5.500 евра

Во огласите се гледа дека и занаетчиските работи се високо платени. На автомеханичари во Германија им се нуди плата од 3.000 евра (знаење јазик не е услов), додека електричар во Данска може да заработи и до 5.500 евра. Возач од Ц-категорија во Ирска заработува до 4.400 евра.

Повеќе од само плата – „Сфатете, стандардот е повисок“

Многумина во коментарите веднаш посочиле дека треба да се земат предвид и високите трошоци за живот во тие земји. Меѓутоа, еден Хрват ги отфрлил таквите забелешки: „Секогаш истото прашање. Сфатете веќе еднаш – да, во Швајцарија и Германија трошоците се повисоки, но ако некој не гледа дека и стандардот на живот е подобар бидејќи платата е *уште поголема*, тогаш сте навистина слепи“.

Друг корисник се надоврзал: „Луѓето се жалат дека пивото во Шведска е 10 евра. Да, ама јас заработувам трипати повеќе. Тоа пиво од 10 евра мене ми доаѓа како пиво од 3 евра во Хрватска“.

„Живееме подобро отколку дома“

Една Хрватка која веќе четири години живее во Австрија, ги советува сите кои планираат да заминат, да го направат тоа со мала заштеда. „Првите две години се тешки, но кога работиш, учиш и трошиш нормално – сè се може. Мене и на мажот ми дома ни се чудат како не возиме скап автомобил, но сметам дека немам кому што да докажувам. Живееме подобро отколку во Хрватска“, напишала таа.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Отров“ во магацините: АХВ уништи 37 ТОНИ храна со рок истечен пред ДВЕ ГОДИНИ!