
Поранешниот НБА играч Делонте Вест (42) бил пронајден во тешка состојба на улица во Вирџинија, по што морал да прими „Наркан“ (лек против предозирање со опијати) пред да биде уапсен, пренесува „TMZ Sports“.
Полицијата во округот Ферфекс, Вирџинија, добила дојава за маж пронајден без свест и кој не дише. Иако Вест дишел кога пристигнале службите, како мерка на претпазливост, му бил даден лекот „Наркан“ (Налоксон спреј), кој брзо го поништува дејството на опијатите.
Повеќе од само инцидент – од милионер до бездомник
По инцидентот, Делонте одбил да оди во болница за да биде прегледан. Тој бил уапсен поради „попречување/отпор при апсење без употреба на сила“ и „пијанство во јавност“, пред да биде спроведен во локалниот затвор.
Ова не е првпат Вест, кој одигра осум сезони во НБА (вклучително и со Леброн Џејмс) и заработи милиони, да има проблеми со законот. Тој со години се бори со зависност од супстанци и бездомништво.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







