
Орце Ѓорѓиевски најави ‘железна дисциплина’: 40 казни веќе се изречени, 80 нови автобуси стигнуваат во март
Новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изјави дека е решен да воведе ред во главниот град, а неговата 72-часовна акција за чистење била само почеток. Тој најави дека ерата на неказнивост е завршена, откривајќи дека веќе се изречени над 40 казни и 70 опомени за несоодветно одлагање отпад. „Граѓаните плаќале цел изминат период, но за жал, не ги добивале услугите. Моја цел ќе биде, без разлика од кого е предизвикан проблемот, да се најде брзо решение“, рече Ѓорѓиевски.
Тој веднаш се осврна на најгорливиот проблем – ЈП „Комунална хигиена“. Ѓорѓиевски информираше дека претпријатието сега располага со над 40 оперативни камиони (наспроти едвај 15-20 пред неколку недели), со очекување тој број наскоро да се зголеми на 60. Најави и поставување на заштитни мрежи на реката Вардар за да се спречи загадувањето на коритото.
80 еко-автобуси за ЈСП и ‘нуклеарна опција’ за Комунална
Освен чистењето, Ѓорѓиевски ги претстави и долгорочните планови. Тој најави дека веќе во март се очекува пристигнување на 80 нови еколошки автобуси за ЈСП Скопје (и дополнителни 70 за другите градови), со што треба да се стабилизира хаотичниот јавен превоз. Во фокусот ќе биде и загадувањето, преку проширување на топлификациската мрежа и конечно оспособување на Дрисла за преработка на отпад.
Најрадикалната најава на Ѓорѓиевски е можноста за целосно расформирање на ЈП „Комунална хигиена“, чии ингеренции би се поделиле на општините. Сепак, тој беше претпазлив: „Тоа ќе биде можно откако ќе се зајакнат капацитетите, за да се избегне дополнителен хаос“. Ова е јасен сигнал дека пред да го распушти, новиот градоначалник има намера прво да го ‘излечи’ претпријатието кое беше симбол на колапсот на претходната градска власт.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







