во ,

‘Метлата’ на Орце Ѓорѓиевски почна: 500 ‘лаптопари’ летаат од работа, директорите се следни

Орце Ѓорѓиевски: ‘Скопје ќе биде украсено, 500 ‘лаптопари’ се веќе избришани од платниот список’

Новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека по хаотичниот период под претходната администрација, главниот град конечно ќе добие достоинствен пречек на Новата година, со украсување и прослава. Истовремено, тој потврди дека веќе се отстранети 500 лица од јавните претпријатија кои земале плата, а не оделе на работа, и најави дека ќе бара одговорност и од директорите кои го дозволиле тоа.

Во своето гостување на МРТВ, Ѓорѓиевски откри дека во буџетот што го наследил, воопшто не биле предвидени средства за новогодишно украсување. „Во претходната програма не беа предвидени средства… но со ребалансот на буџетот кој ќе се усвои во петок, ќе бидат обезбедени средства. Скопје конечно ќе биде украсено како што треба и како што заслужуваат нашите граѓани“, изјави тој.

‘Лаптопарите’ и командната одговорност

Ѓорѓиевски потврди дека веќе имал средба со Финансиската полиција, по повикот на јавниот обвинител Љупчо Коцевски да се пријават сите злоупотреби во Градот. Тој откри дека бројката на т.н. „лаптопари“ е огромна. „Стојам зад сите факти што ги изнесов. Околу 500 лица се отстранети од списоците на вработени во јавните претпријатија кои земале плата, а не присуствувале на работа… Овие лица не се заменети со нови, бидејќи претходно им било дозволено да вршат злоупотреби“, рече Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека неговата цел не е само да ги казни вработените, туку и оние кои им го овозможиле тоа. „Сакам да се воспостави и командна одговорност, која подразбира не само отстранување на лицата кои злоупотребувале плата, туку и одговорност на директорите кои тоа го одобрувале“, истакна градоначалникот. Тој заклучи дека токму овие злоупотреби довеле до катастрофалната состојба во која се наоѓа Градот Скопје денес.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

‘Маршот за ангелите’ доаѓа во Скопје: Семејствата од ‘Пулс’ бараат правда пред Собрание