
ФОКА СИ ГО СПАСИ ЖИВОТОТ СКОКАЈЌИ НА БРОД: Драма во Сиетл, ја бркале јато китови убијци (ВИДЕО)
Во морето кај Сиетл, фока со црни дамки (која фотографката ја нарече „Далматинец“) го спасила својот живот откако скокнала на палубата на чамец додека бегала од јато китови убијци (орки). Неверојатниот миг го снимила фотографката Чарвет Друкер, а нејзините снимки за кратко време го обиколија светот, јави „Гардијан“.
„Јадниче мое… Добро си, само остани така, пријателе“, се слуша гласот на Друкер на видеото.
Повеќе од само бегство: Орките 15 минути се обидувале да ја „измијат“ од бродот
Но, орките не се предале лесно. Тие се обидувале да создадат силни бранови за да ја вратат фоката назад во морето – техника позната како „создавање бранови“, која научниците ја забележуваат уште од 1980-тите. Во еден миг фоката се лизнала, но успеала повторно да се искачи на платформата. По околу петнаесет минути безуспешни обиди, орките конечно отпливале.
„Обично сум во тимот на орките, секогаш. Но додека фоката беше на бродот, едноставно преминав во нејзиниот тим“, изјавила Друкер за „Associated Press“.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







