во ,

РУСИЈА ЈА ОБЈАВИ СВОЈАТА „ЦРНА ЛИСТА“: Хрватска и Словенија се меѓу ТОП 10 најголеми непријатели!

Рускиот режимски весник „Взгљад“ состави и објави „Рејтинг на непријателски влади“ за да покаже разлика меѓу државите кои свесно ѝ се спротивставуваат на Русија и оние кои на тоа биле „натерани од надворешни околности“, пишува „Слободна Далмација“.

Весникот ги рангирал исклучиво државите кои се наоѓаат на официјалниот попис на непријателски земји објавен уште во 2021 година. Интересно е што на листата високо котираат и две земји од поранешна Југославија.

Велика Британија на прво место, САД дури на четврто

Според оваа ранг-листа, првото место го зазела Велика Британија (75 поени), поради санкциите кон руските нафтени компании, залагањето за пренос на руските средства во Украина и испораката на оружје за Киев.

Германија и Франција го делат второто место (70 поени), додека на третото се Холандија и Естонија (65 поени). Изненадувачки, САД го зазеле дури четвртото место (55 поени), а рускиот лист тврди дека на тоа влијаела одлуката на САД „привремено да ја прекинат воената помош за Украина“.

Хрватска и Словенија на листата

Најмногу земји (Данска, Италија, Канада, Литванија, Полска, Финска и Шведска) се наоѓаат на петтото место со 50 поени. Хрватска се наоѓа на седмото место, кое го дели со Шпанија и Грција (40 поени). Словенија е едно место подолу, на осмото, заедно со Португалија (35 поени).

„Взгљад“ потсетува и на изјавата на рускиот министер Сергеј Лавров, кој истакнал дека Русија се оддалечува од поимот „непријателски земји“ и го става акцентот на терминот „непријателски влади“, за да овозможи државата во целина да не се идентификува како непријателска.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Далматинец“ скокна на брод за да се спаси од јато орки!