во ,

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 17 НОЕМВРИ: Девиците се многу нетрпеливи, Јарците се мирни, тие ги решаваат сите ситуации

Дознајте дали на вашиот знак дневниот хороскоп ќе му донесе многу среќа.

Астролог Олга Савиќ

ОВЕН

Денес имате голема поддршка од соработниците – особено ако се во прашање женски лица. Нешто поголеми трошоци за домот или членовите на семејството можат да ви го испразнат паричникот. Можност за интензивен, таен контакт со некого кого го знаете преку работа.

БИК

Одличен ден е пред вас. Имате силна иницијатива и енергија, што на некои колеги може да им пречи, затоа имајте такт. Многу очекувате од личноста која ви се допаѓа или од партнерот – страсти постојат, но постои и тензија.

БЛИЗНАЦИ

Обврски има многу, а вашето расположение да ги завршите навреме не е на ниво. Се чувствувате истрошено и тешко фаќате чекор. Постојат сомнежи и дилеми во врска со саканата личност, но не е сигурно дека вашата интуиција овојпат е во право.

РАК

Денес сите многу се потпираат на вас и очекуваат вие да ги насочите. Тоа од една страна ви годи, но од друга – ви одзема премногу време и ве троши. Со саканата личност сте час на „воена нога“, час во љубов.

ЛАВ

Не знаете дали да се радувате на вестите што доаѓаат. Од една страна се одлични за работата, но од друга – ќе ви одземат време кое ионака го немате. Не успевате да ги усогласите деловните и приватните обврски, а партнерот е нерасположен.

ДЕВИЦА

Многу сте нетрпеливи и не можете да дочекате некои работи да се придвижат. Ви се чини дека колку повеќе брзате, толку поспоро функционира сè околу вас. Ако не денес, тогаш од утре ќе имате причина за радост. Емотивно ситуацијата е мирна.

ВАГА

Иако ова е деловно напорен период, се чувствувате позитивно бидејќи гледате дека сте при крај со решавање на важни прашања. Денот е добар за заработка, само внимавајте да не потрошите сè импулсивно. Ви годи нечиј ангажман околу вас.

ШКОРПИЈА

Доколку денес влегувате во пожестока „размена на мислења“, потрудете се да имате навистина добри аргументи. Соговорниците се тешки и напорни. Некој денес мора да попушти – или саканата личност или вие.

СТРЕЛЕЦ

На граница сте со трпението по некои прашања. Имате чувство дека тапкате во место. Моментално не гледате решение, но почекајте, ќе дојде наскоро. Партнерот се труди да ви се прилагоди и да ве разбере.

ЈАРЕЦ

Добар и квалитетен ден е пред вас, во кој на полесен начин ќе успеете да решите многу ситуации што ве окупираат. Оние околу вас можеби немаат трпение, но вие го имате и ќе функционирате во свој ритам. Добар однос со партнерот, разбирање и склад.

ВОДОЛИЈА

Денес сте растргнати меѓу приватните и деловните обврски и ќе се обидувате да ги усогласите колку што можете. И двата сегмента ќе функционираат, ќе успеете да се организирате. Моментално има некое затишје со саканата личност и тоа ви одговара.

РИБИ

Темпото на овој ден е силно, но вам ви одговара бидејќи сте во движење и се чувствувате активно. Малку внимавајте во комуникацијата со другите – можеби сте во право, но кажете го тоа на помек начин. Убава средба со саканата личност ќе ве расположи.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Уживајте во топлите 19 степени денес: Од утре доаѓа „потоп“ со над 30 литри дожд!

ЗЛАТЕН ТОАЛЕТ И ТОРБИ СО ПАРИ: Најголемиот скандал го тресе Киев, вмешан соработник на Зеленски!