во ,

ЗЛАТЕН ТОАЛЕТ И ТОРБИ СО ПАРИ: Најголемиот скандал го тресе Киев, вмешан соработник на Зеленски!

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се соочува со најтешкиот политички потрес од почетокот на војната, откако во јавноста излегоа наводи дека дел од неговиот најтесен круг бил вмешан во скандалозна мрежа за перење пари од енергетскиот сектор.

Во центарот на аферата е бизнисменот Тимур Миндич, поранешен соработник на Зеленски и копродуцент во компанијата „Квартал 95“. Во неговиот стан истражителите пронашле торби со пари и тоалет од позлата. Миндич, кој живеел во истата зграда со украинскиот лидер, е осомничен дека раководел со шема за извлекување 100 милиони долари преку фиктивни енергетски договори во текот на 2022 година.

„Операција Мидас“ и обвинувања кон Зеленски

Истрагата, наречена „Операција Мидас“, ја води Националното биро за спречување на корупција (НАБУ). Поранешен владин функционер за „Фокс Њуз“ изјавил дека Зеленски наводно бил свесен за нелегалните трансакции, па дури и ги одобрил, а некои средства завршиле на офшор сметки.

„Украинците сега немаат никаква мотивација да се борат поради корупцијата што е разоткриена“, вели изворот. Меѓу осомничените е и Олексиј Чернишов, поранешен потпретседател на владата.

Надеж во Трамп?

Иако Зеленски вети дека „неизбежноста на казната е задолжителна“, анонимниот функционер коментира: „Зеленски не е човек што чувствува срам… Тој доби сè од оваа војна – власт, имиџ и внимание“. Интересно е што истиот извор додава дека многу Украинци сега гледаат надеж во Доналд Трамп, верувајќи дека тој може да донесе мир.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 17 НОЕМВРИ: Девиците се многу нетрпеливи, Јарците се мирни, тие ги решаваат сите ситуации

ВНИМАНИЕ СКОПЈАНИ: Од денес 50 евра казна ако фрлите ѓубре по 22 часот!