
Американскиот претседател Доналд Трамп и новоизбраниот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, ги „закопаа воените секири“ на средбата во Белата куќа, и покрај жестоката реторика од минатото.
Мамдани, демократ и социјалист кој направи изненадување на изборите, побара средба со Трамп за да разговараат за трошоците за живот и безбедноста. По средбата, Трамп ја пофали „неверојатната“ победа на 34-годишниот политичар: „Ги победи и ги победи лесно. Навистина водеше неверојатна кампања против многу паметни луѓе“.
Од „радикален лудак“ до „многу добар градоначалник“
-
La Linea v9
699 ден
524.25 ден
Трамп, кој претходно го нарекуваше Мамдани „лудак на радикалната левица“ и „комунист“, сега ја смени плочата. „Се согласуваме за многу повеќе работи отколку што мислев. Сакам да заврши одлична работа и ние ќе му помогнеме да заврши одлична работа“, изјави претседателот. Тој дури призна дека претходно го нападнал „малку пресилно“.
Мамдани: „Ќе соработувам, но ќе кажам НЕ ако е штетно“
Мамдани, кој ќе стапи на функција на 1 јануари, изјави дека имал многу несогласувања со претседателот, но е подготвен на прагматизам. „Сакам јасно да му ставам до знаење на претседателот Трамп дека ќе соработувам со него на секоја програма што им користи на жителите на Њујорк. Ако програмата им наштети… јас ќе бидам првиот што ќе каже не“, порача тој.


