во ,

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 24 НОЕМВРИ: Лавовите се под голема напнатост, Јарците успеваат да решат ненадеен проблем

Дознајте дали на вашиот знак дневниот хороскоп ќе му донесе многу среќа.

Астролог Олга Савиќ

ЛАВ

Напорните денови се зад вас, но сè уште не сте целосно смирени, па незадоволството и нервозата ги пренесувате на оние со кои доаѓате во контакт. Свртете се кон своите обврски и оваа енергија насочете ја кон работата, наместо кон кавга. Емотивно – напнатост.

ЈАРЕЦ

Успевате да остварите складен однос со деловните партнери и да ја решите проблематиката која постоеше во претходните денови. Денес сте во одлично расположение – мирни и подготвени да им се прилагодите на оние со кои доаѓате во контакт. Емотивно – добар ден.

ШКОРПИЈА

Одлични можности за контакт и договор со личност од која очекувате солидна соработка. Можно е во текот на денот да остварите и некоја помала финансиска добивка преку дополнителен ангажман. Денот е како создаден за уживање со емотивниот партнер.

БИК

Иако имате чувство дека времето ви лета, денот ќе го поминете во добро расположение и пријатна работна атмосфера. Ќе бидете изненадени од позитивниот став на колегите кон вас. Постои можност за контакт од страна на личност од вашето минато.

БЛИЗНАЦИ

Иако сте свесни дека пред вас има многу работа и не сакате да завршувате сè во последен момент, денес сепак ги одложувате обврските. Можеби ќе барате начин што побрзо да избегате од работа. Насочени сте кон емотивниот сегмент – партнерот или симпатијата.

ДЕВИЦА

Доста добро расположение. Се чувствувате стабилно и подготвени сте да се зафатите и со потешки деловни обврски. Концентрацијата е на високо ниво. Плановите со саканата личност лесно се реализираат – вие двајца денес одлично се вклопувате и функционирате заедно.

СТРЕЛЕЦ

Некои деловни понуди доаѓаат до вас, но нема да бидете целосно задоволни, бидејќи очекувавте повеќе во финансискиот дел. Некои договори ќе морате да ги одложите поради обврски кои неочекувано ќе искрснат. Партнерот ви се прилагодува и прави отстапки поради вас.

ВОДОЛИЈА

Нема да обрнувате внимание на критиките. Сметате дека функционирате добро и немате намера да се менувате. Ќе бидете остри кон оние кои ќе се обидат нешто да ви забележат. Се трудите да се однесувате коректно кон саканата личност, иако нејзините постапки ве нервираат.

РАК

Денес доаѓаат интересни информации кои ќе ви помогнат да ги разрешите дилемите. Се очекува добар контакт со колегите и деловните соработници. Една личност покажува интерес за вас. Прифатете ја поканата за излегување или барем остварете посина комуникација.

ОВЕН, ВАГА И РИБИ:

Овенот се обидува да ги среди ситните недоразбирања со саканата личност, Вагата е под притисок и едвај чека да заврши со работа за да се види со симпатијата, додека Рибите сфаќаат дека е време да го променат пристапот на работа и да послушаат совет.

ВАГА

Притисокот врз вас е очигледен уште од утринските часови. Не ви се допаѓа што ве брзаат, бидејќи на тој начин не успевате да го дадете својот максимум на работа. Едвај ќе чекате да ги завршите обврските и да му се посветите на друштвото или на личноста која ви се допаѓа.

ШКОРПИЈА

Одлични можности за контакт и договор со личност од која очекувате солидна соработка. Можно е во текот на денот да остварите и некоја помала финансиска добивка преку дополнителен ангажман. Денот е како создаден за уживање со емотивниот партнер.

СТРЕЛЕЦ

Некои деловни понуди доаѓаат до вас, но нема да бидете целосно задоволни, бидејќи очекувавте повеќе во финансискиот дел. Некои договори ќе морате да ги одложите поради обврски кои неочекувано ќе искрснат. Партнерот ви се прилагодува и прави отстапки поради вас.

ЈАРЕЦ

Успевате да остварите складен однос со деловните партнери и да ја решите проблематиката која постоеше во претходните денови. Денес сте во одлично расположение – мирни и подготвени да им се прилагодите на оние со кои доаѓате во контакт. Емотивно – добар ден.

ВОДОЛИЈА

Нема да обрнувате внимание на критиките. Сметате дека функционирате добро и немате намера да се менувате. Ќе бидете остри кон оние кои ќе се обидат нешто да ви забележат. Се трудите да се однесувате коректно кон саканата личност, иако нејзините постапки ве нервираат.

РИБИ

Сметате дека е вистински момент да послушате совет и да промените нешто во своето функционирање во работното опкружување. Сфативте дека некои луѓе биле во право. Се обидувате да воспоставите комуникација со некого, но другата страна не реагира како што би сакале вие.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Искористете го сонцето денес: Од утре доаѓаат дожд, ветер и снег на планините!

Среќата се насмевна во Драчево: Освоен џекпот од 5,7 милиони денари!