
Иран е тешко погоден од суша, до таа мера што претседателот Масуд Пезешкијан најави можна евакуација на повеќемилионскиот Техеран ако до крајот на ноември не падне дожд.
Природата го прави она што санкциите и воздушните напади не успеаја, пишува американски „Форбс“. Техеран е во постојан недостиг на вода, а половина Иран не видел ни капка дожд од летото.
Техеран пред колапс: Размислуваат за евакуација
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден
Техеран, со популација од 15 милиони (во поширокото подрачје и до 18 милиони), се наоѓа во толку тешка ситуација што се разгледува делумна евакуација. Оваа ситуација не паднала од небо, туку е резултат на децении прекумерно црпење вода, повеќе отколку што природата може да надомести. Иран е казнет поради прекумерната потрошувачка и исушувањето на басените кои некогаш служеле како стратешка резерва.
Не ги слушале експертите: Губат вода колку Боденското езеро на секои 3 години
Иран годишно губи околу 16 кубни километри вода (околу 16 милијарди тони), што е еквивалент на Боденското езеро на секои три години. Според неофицијални проценки, до 35 отсто од водата во Техеран се губи само поради истекување на старите цевки.
Властите со децении ја третирале водата како неограничен ресурс, промовирајќи интензивно наводнување во најсушните подрачја (80-90% од водата се троши во земјоделството). Сега, кога бунарите пресушија, а фармите пропаднаа, милиони луѓе се преселија на периферијата на Техеран, дополнително оптоварувајќи го системот.


