во ,

Крава падна од „небо“ директно во кујна: Неверојатна сцена во Бразил

Неверојатна сцена е забележана во бразилскиот град Капистрано, каде крава пропаднала низ покривот на еден бар на градскиот плоштад!

Според локалните медиуми, животното му избегало на сопственикот, трчало преку плоштадот и на некој начин завршило на покривот на објектот, од каде што пропаднало директно во кујната. При инцидентот, еден од вработените се здобил со полесни повреди, а инвентарот на барот е оштетен.

Супер Попуст -25%

На снимките кои кружат на социјалните мрежи се гледа збунетата крава заглавена меѓу фрижидерите и огромната дупка на покривот. За чудо, животното не е повредено при падот и било извлечено со помош на работниците. Сопственикот е пронајден и се согласил да ја плати штетата.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Чистеле таван по смртта на мајка им, па нашле стрип вреден 8 милиони евра!

Јонското Море стана кафеаво: Шокантни снимки од Саранда по невремето!