
Психолог од Општата болница во Струга добила отказ веднаш откако соопштила дека е бремена, а поради силниот стрес од губењето на работата, го изгубила бебето во седмиот месец од бременоста.
Оваа трагична вест ја објави СДК.мк, наведувајќи дека Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврдила директна дискриминација врз вработената. Таа работела во болницата со договор на определено време уште од 2001 година, но договорот не ѝ бил продолжен по 31 декември 2024 година, откако ја објавила бременоста.
„Оди дома, сега имаш поважна работа“
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден
Кога го прашала директорот на болницата зошто не ѝ го продолжуваат договорот, тој наводно ѝ рекол: „Оди дома, сега имаш поважна работа. Бремена си“. На нејзино место, по изборите, била вработена нова, помлада кандидатка, заедно со уште 65 други нововработени, додека магистерката по психологија и специјална едукација останала на улица.


