
Протече таен разговор: Стив Виткоф го советувал Кремљ како да му го „продаде“ рускиот мировен план на Трамп.
Телефонски разговор од 14 октомври меѓу Стив Виткоф, специјален пратеник на Доналд Трамп, и Јуриј Ушаков, советник на Владимир Путин, излезе во јавност, предизвикувајќи бес во Москва. Во разговорот, Виткоф го советувал Ушаков најпрво да го пофали Трамп како „човек на мирот“, а потоа да му го презентира предлогот кој вклучува територијални отстапки од Украина и откажување од НАТО.
Архитектот на планот е Русин, а не Американец?
-
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден
Во позадина на аферата се споменува Кирил Дмитриев, шеф на рускиот државен инвестициски фонд, кого аналитичарите го сметаат за вистинскиот „архитект“ на мировниот план од 28 точки. Планот, кој Ројтерс го опиша како „список на желби на Русија“, наводно бил делумно изготвен на состанок во Мајами меѓу Дмитриев, Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер.
Кремљ: „Ова е чин на хибридна војна“
'Ask Putin to say…': Witkoff caught on call ‘guiding’ Russia on how to sell Ukraine deal to Trump
🗞️ Catch the day's latest news and updates ➠ https://t.co/uILoG2wcSm 🗞️ pic.twitter.com/A78c5Qrnfs— Economic Times (@EconomicTimes) November 26, 2025
Советникот на Путин, Ушаков, тврди дека користел шифрирани канали и дека пресретнувањето на разговорот е „недопустливо“ и претставува „акт на хибридна војна“. Во меѓувреме, по дипломатскиот хаос, 9 од првичните 28 точки на планот се веќе отфрлени по разговорите со украинските функционери.


