
Престанете да им велите на децата „не плачи“: Родителскиот инстинкт да ја отстрани болката често прави контраефект, учијќи го детето дека неговите емоции се „погрешни“ или непожелни.
Кели Мора, терапевт и специјалист за детски развој, објаснува дека наместо да ги гасиме емоциите, треба да ги научиме децата дека секое чувство е дозволено. Солзите не се непријател, туку алатка за регулација.
5 реченици кои навистина помагаат и градат самодоверба:
- „Во ред е да плачеш, јас сум тука“ – Ова е порака за сигурност. Му давате до знаење дека нема да го напуштите кога му е најтешко.
- „Ги гледам твоите солзи“ – Валидацијата е клучна. Не мора да ја знаете причината, важно е да ја признаете емоцијата и да порачате „те гледам, ти верувам“.
- „Твоите чувства имаат смисла“ – Кога велите „не плачи“, детето слуша „твојата реакција е погрешна“. Оваа фраза потврдува дека емоцијата е валидна, дури и ако е интензивна.
- „Природно е да бидеш тажен“ – Среќата не е единствената дозволена емоција. Нормално е да се биде тажен, лут или фрустриран.
- „Плачењето е здрав начин телото да ги исфрли чувствата“ – Научете ги дека плачењето е механизам за регулација, исто како дишењето, цртањето или трчањето.

