
Конечни резултати од ИЈЗ: Водата во „Димо Хаџи Димов“ е безбедна, но во училиштето се пронајдени норовирус и фекални бактерии!
Анализите на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) открија „коктел“ од причинители за масовните стомачни тегоби. Од седум примероци од деца, шест се позитивни на норовирус. Истовремено, во мусаката и на неколку површини во кујната (вклучително и чешми) се пронајдени фекални бактерии (Enterobacteriaceae), што укажува на лоша хигиена. Дополнително, кај една вработена во кујната е откриена и стафилокока.
29 заболени, 7 хоспитализирани
-
Хемија
699 ден
524.25 ден
Добрата вест е што водата е физичко-хемиски и микробиолошки исправна и безбедна за пиење. Досега се регистрирани вкупно 29 случаи кај деца и една наставничка. На Детската клиника биле задржани седум деца, но сите се во стабилна и добра здравствена состојба.


