во ,

Струмичани „се офајдија“ со туѓ компир: Украле 160 вреќи од камион, па ги фатија!

Полицијата уапси четири лица од Струмица кои се сомничат дека ноќта меѓу 28 и 29 ноември украле дури 160 вреќи со компир од паркиран камион.

Според СВР Струмица, кражбата била извршена од камион „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на лице од селото Горна Речица. Полициските службеници ги лишиле од слобода Ј.А. (40), М.А. (34) и Р.Д. (31), а на разговор бил повикан и И.А. (38), сите од Струмица.

Признание и вратен плен

Супер Попуст -25%

Во службениот разговор, осомничените го признале делото. Полицијата успеала да ги пронајде украдените 160 вреќи компир кај двајца од сторителите, ги одзела и веднаш му ги вратила на оштетениот сопственик. По документирање на случајот, против четворицата ќе биде поднесена соодветна пријава до ОЈО Струмица.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ОТКРИЕН ИЗВОРОТ НА ЗАРАЗАТА: „Коктел“ од норовирус и фекални бактерии ги разболе децата во Влае!

„Ова е понижување“: Родителите на загинатите деца паркирани рамо до рамо со обвинетите!