
Родителите и блиските на загинатите во пожарот во „Пулс“ одржаа уште еден „Марш на ангелите“ во Кочани, изразувајќи длабока разочараност поради одложувањето на судското рочиште.
Тие побараа правда и правично судење, прашувајќи: „До кога ќе се одложува правдата, вистината, нашите животи и срца?“. Судијката Диана Груевска-Илиевска го отповика рочиштето закажано за 26 ноември и го презакажа за 2 декември, бидејќи дел од обвинетите сè уште го немале добиено интегрираното обвинение.
„Нѐ ставија рамо до рамо со обвинетите“ – ново понижување за семејствата
-
La Linea v9
699 ден
524.25 ден
Александар Наунов, во име на родителите, го искажа револтот од организацијата пред судот. „На истиот паркинг, без кордон, без минимум човечка чувствителност, нѐ ставија рамо до рамо со обвинетите. Паркирани едни до други, лице в лице… За нас тоа не беше само логистичка грешка, тоа беше уште едно понижување“, истакна тој.
Се бара одговорност и од полицијата
Семејствата упатија и директно барање: „Го чекаме обвинителниот акт за полицајците“. Тие инсистираат на одговори за тоа кој не ја извршил службената должност и зошто, според сведоштвата, било одбиено да се помогне во критичните моменти кога можеле да се спасат животи.


