во ,

„Не чекајте да биде доцна“: Над 70 мажи се прегледаа бесплатно во „13 Ноември“

Над 70 мажи искористија бесплатни прегледи во Скопје: Апел за редовна контрола на простатата

Повеќе од 70 пациенти денеска направија бесплатни ЕХО и уролошки прегледи во Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ во рамки на кампањата „Мовембер“. Целта на акцијата, поддржана и од градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски, е подигнување на свеста за машкото здравје, особено кај мажите кои често избегнуваат посети на уролог.

Кога треба да се оди на лекар?

Супер Попуст -25%

Д-р Дарко Костовски апелираше дека мажите над 50 години задолжително треба да прават уролошки преглед еднаш годишно (ЕХО и тумор маркери), додека оние со семејна историја на болести треба да почнат уште од 45-тата година. Алармантни симптоми кои бараат итна посета на лекар се појава на крв во урината, болки при седење и зачестена потреба за мокрење.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Ова е понижување“: Родителите на загинатите деца паркирани рамо до рамо со обвинетите!

ХОРОР НА БИТ ПАЗАР: Четворица излегле од возило и брутално претепале 16-годишно момче!