
„Малиот Ајнштајн“ испишува историја: Лоран Симонс на 15 години стана доктор по квантна физика и веднаш запиша втор докторат!
Лоран Симонс, 15-годишното чудо од дете од Белгија, официјално стана еден од најмладите доктори на науки во светот откако успешно ја одбрани својата докторска теза на Универзитетот во Антверпен. Неговата дисертација, насловена „Бозе-поларони во суперфлуиди и супречврсти тела“, истражува комплексни аналогии помеѓу квантните честички и црните дупки, тема која фасцинира дури и искусни научници. Ова е само продолжение на неговиот метеорски академски пат – тој ги заврши основните студии по физика на 12 години, совладувајќи ја тригодишната програма за само 18 месеци.
Целта не е слава, туку бесмртност: „Сакам да создадам супер-луѓе“
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден
Амбициите на Лоран надминуваат само академски титули. Неговата крајна цел е да го искористи своето знаење од физика, медицина и вештачка интелигенција за да постигне биолошка бесмртност. „Почнувам да работам на мојата цел – создавање супер-луѓе“, изјави тој по одбраната. За таа цел, веднаш по дипломирањето се упатил во Минхен, каде што веќе ја запишал својата втора докторска програма, овојпат во областа на медицинските науки. Неговите родители, Александар и Лидија, одбиле бројни профитабилни понуди од технолошки гиганти од САД и Кина, инсистирајќи знаењето на нивниот син да се користи за доброто на човештвото и медицината.
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден -
Хемија
699 ден
524.25 ден -
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден







