во ,

„Библиска катастрофа“ во Грција: Бурата Бајрон потопи села, луѓето чекаат спас на покривите!

Бурата „Бајрон“ донесе апокалипса во Грција: Луѓето бегаат на покривите, цели села се под вода, а мртви животни пловат по улиците

Грција се соочува со незапаметена временска катастрофа предизвикана од бурата „Бајрон“, која парализираше поголем дел од земјата. Девет региони, вклучително и Атика, се под официјално предупредување за екстремни услови. Најкритично е на островот Закинтос и во областа Гитео, каде што обилните дождови предизвикаа масовни поплави и лизгање на земјиштето. Во селото Литакија земјата се лизга кон куќите, а сообраќајот е целосно прекинат на клучни делници. Мештаните сведочат за „библиска катастрофа“ во селото Платанос, каде водата за само неколку часа ги поплавила приземјата на куќите сè до таваните, уништувајќи автомобили и земјоделски машини.

Драма со евакуација: Најранливите чекаат чамци, училиштата затворени

Супер Попуст -25%

Ситуацијата е драматична, а многумина жители, за да се спасат од надојдената вода, биле принудени да се качат на покривите на своите домови. Најранливите категории, особено постарите лица, чекаат евакуација со чамци. Сцените се морничави – низ поплавените улици пловат мртви животни, а стотици домаќинства се без електрична енергија и мобилна мрежа. Поради опасноста, наставата е прекината на Родос, Тира, Тилос и други острови, додека метеоролозите предупредуваат дека агонијата ќе трае до сабота со ризик од град и урагански ветрови.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ВКЛУЧЕН МЕТЕО АЛАРМ: Обилни дождови ја поплавуваат јужна Македонија, наврнаа 40 литри!

Ушаков: Нема закажан повик меѓу Путин и Трамп, но можеме да го договориме „за миг“