
СДСМ: „Кавгата“ меѓу ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ е евтин театар, целта е да се сокрие скандалот со мигрантите
Опозицискиот СДСМ излезе со тврдење дека актуелниот политички судир меѓу коалициските партнери ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ е целосно измислен и претставува класичен дефокус. Според нив, реакцијата на ЗНАМ за изјавите на Антонио Милошоски е провидно сценарио, чија единствена цел е да се сврти вниманието на јавноста од скандалот што изби во британските медиуми за наводен договор за прифаќање мигранти во Македонија.
-
La Linea v9
699 ден
524.25 ден
Од партијата обвинуваат дека ЗНАМ веќе две недели молчи за ова прашање и одбива да се изјасни за предложената Резолуција. „Отвораат неважни и вештачки наметнати теми, додека зад грб се носат мигранти за пари во Македонија“, велат од СДСМ, посочувајќи дека молкот на партијата на Максим Димитриевски е доказ за соучесништво во тајните планови на Владата.


