
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвини дека премиерот Христијан Мицкоски со приемот на мигранти сака да ја претвори државата во „црна точка“ на Балканот.
Во гостување на ТВ Сител, тој порача дека ако Владата навистина не планира прием на мигранти, има две опции: јасно да ги демантира пишувањата на британските медиуми или да ја потпише предложената Резолуција на СДСМ.
-
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден
Филипче изрази сериозна загриженост за безбедноста, тврдејќи дека станува збор за лица кои Велика Британија ги депортира бидејќи се осомничени или осудени за тешки дела како силување и трговија со дрога, а кои не можат да се вратат во матичните земји. Според него, прифаќањето на луѓе кои немаат право да влезат во ЕУ значи дека оваа влада нема намера да ја води земјата кон Европа, туку да ја претвори во изолирана зона за непожелни мигранти.


