
Џаред Кушнер официјално се повлече од контроверзниот проект за изградба на хотелот „Трамп“ на местото на поранешниот Генералштаб во Белград, по бранот масовни протести и покренатите кривични постапки против високи српски функционери.
Портпаролот на неговата фирма „Affinity Partners“ изјави дека одлуката е донесена од почит кон народот на Србија, бидејќи значајните проекти треба да обединуваат, а не да разделуваат.

Проектот наиде на жестоки реакции откако владата на Вучиќ се обиде преку итни законски измени (lex specialis) да го укине статусот на културно наследство на бомбардираниот комплекс. Ова резултираше со обвинение против министерот за култура Никола Селаковиќ и други функционери за злоупотреба на службената должност и фалсификување документи. Опозицијата, предводена од Мариника Тепиќ, го нарече проектот „велепредавство“, а студентите се заканија со физичка блокада на локацијата.
-
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
La Linea v6
699 ден
524.25 ден







