
Во италијанскиот национален парк Стелвио, во централните Алпи, откриени се илјадници отисоци од стапала на диносауруси, кои стадо тревопасни животни ги оставило пред околу 210 милиони години, соопшти палеонтологот Кристијано Дал Сасо од Природонаучниот музеј во Милано.
Според него, трагите формираат патеки долги стотици метри и се толку добро зачувани што на некои јасно се видливи дури и отисоци од прсти и канџи.
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден
Дал Сасо истакна дека ова е вистинска „Долина на диносаурусите“ која се протега со километри, што го прави ова наоѓалиште најголемо во Алпите и едно од најбогатите во светот. Бидејќи локалитетот се наоѓа на непристапен терен, за негово проучување ќе мора да се користат дронови и технологија за далечинско отчитување, а научниците предвидуваат дека истражувањето на ова огромно наследство ќе трае со децении.


