во ,

Ужас во Кисела Вода: Пијан таксист прегази девојче и избега, па се заби во градинка

Ужас во Кисела Вода: Пијан таксист прегази девојче, избега и се заби пред градинка

Тешка сообраќајна несреќа вечерва ја потресе скопската населба Кисела Вода. Според сведоштва на очевидци за 24инфо.мк, возач на такси возило, во видно алкохолизирана состојба, удрил младо девојче на тротоар и наместо да застане и да помогне, продолжил да вози.

„Косеше“ сè пред себе: Удрил во комбе, па запрел пред „Весели Цветови“

Супер Попуст -25%

Очевидците опишуваат вистински хаос: откако ја удрил девојката, таксистот изгубил контрола, удрил во комбе кај пиљарата „Шампионче“, а неговиот поход завршил дури пред вратата на градинката „Весели Цветови – Мимоза“ со целосно уништено возило и истечени течности. „Ова се случи на тротоарот по кој наутро ги носиме децата“, раскажуваат потресените граѓани. Екипи на Брза помош веднаш го пренеле повреденото девојче во болница.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

AI мисли дека сме генијалци: Зошто чет-ботовите губат во игри на стратешко размислување?

Вистинска навала: 10.500 Турци побарале македонски пасош за само четири години