
Трамп оптимист по средбата со Зеленски: „Договорот е 95% готов, војната завршува за неколку недели“
Американскиот претседател Доналд Трамп од својот имот Мар-а-Лаго испрати глобална вест: крајот на војната во Украина е на повидок. По средбата со Володимир Зеленски, Трамп изјави дека е постигнат огромен напредок и дека 95% од мировниот план е веќе договорен. „Ќе знаеме за неколку недели, на еден или друг начин“, порача тој, нагласувајќи дека ова е резултат на едномесечни интензивни преговори.
Шокантен пресврт: Путин бил „дарежлив“ и сакал да помогне?
-
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден
Трамп откри дека пред средбата имал двочасовен разговор со Путин, кој наводно покажал подготвеност да помогне во обновата на Украина и да испорачува евтина енергија. Сепак, остануваат „едно или две трнливи прашања“, а најтешкото е територијата (особено Донбас). По средбата, двајцата лидери се консултирале и со европските сојузници, а Трамп најави дека е подготвен да се обрати и пред украинскиот парламент.


