во ,

Скандал од 1,2 милиони евра: Фирма на советник од ЗНАМ на удар на обвинувањата

СДСМ бара итна истрага: „Тендерот од 1,2 милиони евра во Пошта е грабеж на народни пари“

Опозициската СДСМ упати остар повик до Јавното обвинителство веднаш да отвори предмет за тендерот во АД Пошта, доделен на фирма поврзана со советник од партијата ЗНАМ. Според нив, станува збор за скандал тежок 1,2 милиони евра, за кој постојат докази обезбедени од „свиркач“ вработен во институцијата.

Шема со „фантомски“ хигиеничари: Се крадат по 300.000 евра годишно?

Супер Попуст -25%

Партијата тврди дека шемата функционира преку лажни дневници и фиктивни извештаи. Наводно, постојано недостасуваат околу 14 хигиеничари, а други работат со скратено работно време, иако се исплаќаат како да се присутни цел ден. „Ако институциите молчат, тоа значи дека го штитат криминалот на ВМРО и ЗНАМ“, порачуваат од СДСМ, барајќи кривична одговорност за инволвираните.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Путин потпиша: 261.000 млади Руси мора да се јават во касарните во 2026

Збогум на левот: Само 31 ден ќе може да се плаќа со старата валута во Бугарија