во ,

Не го оставајте сам вечерва: Петардите предизвикуваат трауми што кучињата ги памтат цел живот

Петардите се кошмар за кучињата: Како да го заштитите миленикот вечерва?

Додека луѓето слават, за кучињата новогодишната ноќ може да биде трауматично искуство. Силните експлозии од петарди и огномети предизвикуваат паника која се манифестира преку тресење, цвилење, криење или обиди за бегство. Експертите предупредуваат дека кучињата го „памтат“ стресот, па секоја наредна прослава може да предизвика уште полоша реакција, што долгорочно го нарушува нивното ментално и физичко здравје.

Направете „сигурен агол“ и не го оставајте сам

Супер Попуст -25%

Најважно за вечерва е да не го оставате миленикот сам. Подгответе му „сигурен агол“ – место со неговото омилено ќебе и играчки, каде што ќе се чувствува заштитено. Затворете ги прозорците и спуштете ги ролетните за да ја намалите бучавата и светлосните блесоци. Пуштете тивка музика или телевизор за да ги неутрализирате звуците од надвор. Доколку кучето е екстремно исплашено, консултација со ветеринар за средства за смирување (како феромони или суплементи) е препорачлива опција.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Сарма за целото семејство за малку пари: Еве како да заштедите на месо, а да не изгубите на вкус

Драма во скопски мол: Романци насилно ограбија златарница, „паднаа“ на излезот